Аортата, главната и најголемата крвна артерија, која носи крв од срцето до остатокот од телото, е препознаена како посебен човечки орган.
-Тоа е голем чекор. Препознавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи, срцето, белите дробови и мозокот, рече Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург во Германија.
Новиот статус на органот важи во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави, откако тој е дефиниран како таков во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (ЕАЦТС) и Американското здружение на торакални хирурзи (СТС). ).
Оваа одлука ќе направи разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен.
Досега беше вообичаено болестите на аортата да се третираат или во кардиохирургија или во васкуларна хирургија, во зависност од видот и локацијата.
-Новите упатства јасно препорачуваат третман на аортата како дел од посебно медицинско поле. Треба да се поврзе со други слични области на медицината, објасни Черни.
Аортата е одговорна за транспорт на крв богата со кислород од срцето до телото. Овој голем крвен сад е најголемата артерија во телото и се протега од левата комора до садовите во карличната област. Исто така, има значајна улога во регулирањето на крвниот притисок и брзината на протокот на крв.