Пратениците во македонскиот парламент денеска ги изгласаа промените во Изборниот законик со кои ќе се овозможи гласање на претстојните избори и со лични документи чијашто важност истекла. Поддршка ја дадода вкупно 84 пратеници.
Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.
Како што пишува во еден од членовите, ова правило ќе важи само за овие парламентарни и претседателски избори.
Измените беа поднесени од кординаторите на пратеничките групи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците.
Проблемот се актуелизира откако министерот за внатреши работи Панче Тошковски неодамна во повеќе наврати потенцираше дека над 100.000 граѓани нема да можат да го остварат своето право на глас на изборите бидејќи немаат важечка лична карта.