Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во селото Тимјаник, општина Неготино, во пресрет на меѓународниот ден на жената 8 март оствари средба со успешни жени земјоделки, мали производители на храна и сопственички на мали винарии, членки на Националната Федерација на фармери.
– Примете ја мојата почит и искрена восхит за вештината со која го „туркате“ животот во добро и во зло. Вие сте тие кои знаат да направат баланс, да смислат и да остварат невозможно, да креираат и успешно да реалзираат или што би рекле народски „жената знае од едно да направи- две, истакна министерот Николовски.
Жените земјоделки се во фокусот на мерките и политиките на министерството сите овие изминати години, а Националната Федерација на фармери искрен партнер со кој заедно ги унпаредуваме правата и статусот на жената земјоделка, додаде тој.
Во 2018 година, преку потпишувањето на Декларацијата за подобрување на еконосмкиот статус на жените од руралните средини, остваривме значителен исчекор во делот на економско јакнење на руралните жени, ставајќи посебен акцент на жените земјоделки. Наша заедничка заложба преку оваа Декларација е подобрување на економската и социјална положба на жените во руралните средини.
– Токму во остварувањето на нашите заложби посебен придонес даде мерката за поддршка на руралната жена, поддржувајќи ги жените од руралните средни, развивајќи ги нејзините претприемачки способности, но и овозможувајќи им на жените во руралните средни лидерство во семејното земјоделско стопанство, нагласи Николовски.
Според него, досега околу 1.700 жени земјоделки добиле финансиска поддршка по разни мерки во вредност од над 1,1 милијарди денари, а 320 жени добиле грант за мерката „Рурална жена“.
За само две години се доделени 67 грантови на жени земјоделки, преку програмите за поддршка на малите производители во вредност од 37 милиони денари. Од кои 36 жени добиле грант за производство на храна од неживотинско, 3 жени грант за храна од животинско потекло, 25 жени се добитници на грант за мали винарии, а 3 жени за мали дестилерии.
Кај мерката бизнис план поддршка добиле 115 жени земјоделки. Со поддршка во набавка на опрема и механизација се поддржани 626 жени во набавка на трактор, 12 во набавка на комбајн за ориз, 7 во набавка на комбајн за жито, 111 во набавка на системи капка по капка, 158 жени во набавка на педигриран добиток, 12 во набавка на силоси и 10 за набавка на опрема за тутун.
290 жени оствариле право и добиле грант преку мерката млад земјоделец.
– Продолжуваме заедно да го унапредуваме и развиваме правото и стаусот на руралната жена, со уште поголема поддршка и внимание кон жената земјоделка, нагласи тој.