Водење на предвремена кампања, отворање на партиски штабови, мобилизација на членството… не се единствени нешта кои што се случуваат во предизборниот период во Македонија. Власта брза и да склопи многи скапи зделки со кои се трошат државни пари. А и нови вработувања се прават во администрацијата.
Така, на пример, пред два месеца се распишаа огласи за околу 1.000 вработувања во државни институции и фирми. Државната компанија ЕСМ распиша оглас дури за 500 вработувања, Фонд за здравствено осигурување за 61 лице, Државен пазарен инспекторат за нови 29 вработени, Министерството за политички систем за 15 вработени…
Инаку, и покрај сите реакции во јавноста владината Служба за општи и заеднички работи склучи договор за изнајмување на 45 луксузни службени коли на лизинг, а за што ќе платат 1,6 милиони евра. Министерството за обрана, пак, најави дека токму сега, во предизборниот период , дошло време да се склучи договор за набавка на хеликоптери за АРМ тежок 250 милиони евра. Во РЕК „Битола“ се подготвени два тендери тешки 146 милиони евра за набавка и увоз на јаглен, како и за ископ на јаглен и јаловина…
Како баш сега има потреба за сето ова? Не можеше тоа да почека до по изборите? Па нели сигурно ќе победат, нека тогаш ни направат набавките?