Најголем руски напад врз украинскиот енергетски сектор

Синоќа руските сили го извршиле најголемиот напад врз украинскиот енергетски сектор во последно време. Ова го соопштува Министерот за енергетика на Украина, Херман Галушченко.

Тој рече дека целта на Русија не е само да го оштети енергетскиот систем на Украина, туку повторно да се обиде, како и минатата година, да предизвика дефект во работењето на енергетскиот систем од големи размери, пренесува Униан.

-За жал, има удари и оштетувања на производствените капацитети, системите за пренос и дистрибуција во неколку области. Покрај тоа, поради гранатирање, еден од далноводите што ја снабдува нуклеарната централа Запорожje е без струја, напиша тој на Фејсбук.

Тој изјави дека во некои области има прекини на струја и дека инженерите веќе работат на враќање на струјата.

Според украинските медиуми – силите на Русија синоќа извеле масовни воздушни напади врз неколку области во Украина, а мета биле областите Запорожје, Харков, Лавов и Дњепропетровск, како и Криви Рих.

 

 

Претходна вестОЈО: Издадени наредби за обдукција на убиениот лекар и за обезбедување снимки од видео надзор
Следна вестШто биде, ги поправаат ли термалните камери и зошто тоа не е направено поодамна?