Техничкиот премиер Талат Џафери најави дека е можно да го разреши Стојанче Ангелов од позицијата директор на Центарот за управување со кризи доколку тој не стои зад владината коалиција.
Ова доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ најави проширување на коалицијата во предизборие, а меѓу партиите беше и партијата на Ангелов – „Достоинство“.
Напуштањето на владината коалиција викендов го најави и лидерот на Достоинство, потенцирајќи дека ниту една од заложбите на партијата не е исполнета, меѓу нив и необесштетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители.
Тој рече дека предложил оставка од директорската позиција но дека таа не била прифатена.
Сепак вели и дека останува подготвен да остане на чело на ЦУК, но додава дека доколку биде разрешен ќе се врати на своето претходно работно место во М-Нав.