Малолетник кој возел електрични тротинет е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера во селото Мојанци, информира полицијата.
МВР соопшти дека вчера во 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „21“ во скопското село Мојанци, општина Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат пунто“ управувано од Б.Б.(36) од село Сингелиќ и електричен тротинет, управуван од малолетник од Мојанци.
-Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во информацијата.