Битолчанец завчера го загуби животот откако со „Киа“ излетал од патот Ѓавато-Тополчани, соопшти полицијата.
МВР информира дека во саботата во 10.38 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато-Тополчани, патничко возило „Киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С.(70) од Битола, излетало од коловозот.
-Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.С.(65), констатирани во Медицинскиот центар Битола, каде што биле задржани на лекување, а на 14.04.2024 возачот П.С. им подлегнал на повредите, информираат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.