На 21.04.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал,соопшти денеска полицијата.
МВР информира дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
-Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, се наведува во информацијата.