Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка–Граничен премин Деве Баир, кај с.Конопница, патничко возило „пасат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.М.(57) удрило во пешакот Д.С.(63), двајцата од Крива Паланка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом – Крива Паланка.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.