ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска во Скопје ќе отвори Центар за поддршка и советување на мажи во Македонија.
Ова, како што информираат од ХЕРА, е прв центар од ваков вид во нашата земја, кој ќе нуди бесплатни советувања и поддршка со терапевти за момчиња и мажи, со телефонско закажување за термин (070 299 – 026).
Центарот се отвора со поддршка на австриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, во соработка со Здружението за машки и родови прашања Стирија од Австрија.