Три лица каснати од бездомни кучиња во Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров

Бездомни кучиња вчера повредиле три лица во три одвоени напади на скопското подрачје. МВР информриа дека малолетно девојче била касната од бездомно куче на булевар „АСНОМ“.

-На 13.05.2024 во 11.20 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.П.(40) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник, наведува полицијата.

На улицата „Методија Андонов Ченто“ била нападната педесет и седумгодишна скопјанка.

-На 13.05.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.М.(57) од Скопје, пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник, се додава во соопштението.

Во Ѓорче Петров бил каснат шеесет и деветгодишен маж.

-На 13.05.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.А.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје бил каснат од куче скитник, информираат од МВР.

 

Претходна вестПендаровски се откажа од државна пензија, ќе користи канцеларија со тројца вработени
Следна вестДИК се изјасни: Од поднесените 27 прифатени седум приговори – шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата