Конзорциумот „Бехтел и Енка“ уште работи на подготвителни работи и теренски истражувања врзано за изградбата на автоптишата во Македонија. Претставниците на американско-турскито конзорциум кој во наредниве пет години треба да изгради четири автопатски делници долги 110 километри и вредни 1,3 милијарди евра за ова го информирале претседателот на македонската Стопанска комора Бранко Азески на вчерашната средба. До саредбата дошло на иницијатива на претседателот Азески при што е разговарно за динамиката за остварување на планираните активности. Притоа од страна на претседателот Азески беше потенцирано дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко.
-Од страна на раководството на „Бехтел и Енка” беше подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности. „Бехтел и Енка” побара поддршка од Стопанската комора на Северна Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4.000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници), се наведува во соопштението по средбата.
Од страна на македонските власти на овој конзорциум досега се испалтени 235 милиони евра за овој проект. Неодамнешниот Извештај на за супервизијата на прогресот на изградбата на автопатите Тетово-Гостивар, Гостива-Букојчани, Требеништа-Ќафасан и Прилеп-Битола покажа дека на 58 отсто од земјиштето е завршена екпропријацијата. Истиот процент на извршени експропријации беше содржан и во извештајот за октомври, така што и натаму остануваат 42 отсто за експропријација.
Според супервизијата, „Бехтел и Енка“ до крајот на декември завршиле 33 отсто од геотехничките испитувања на теренот. Оваа година конзорциумот „Бехтел и Енка“ од државата ќе добие 250 милиони евра директно од буџетот, за изградба на автопатските делници.
Инаку, лани во септмеври, со минирање во близина на селото Горна Бањица, гостиварско, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ја започна изградбата автопатите.