Три лица се повредени во судирот што се случил вчера на патот Кичево – Охрид, соопшти полицијата.
МВР информира дека на 14.05.2024 во 18.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во атарот на с.Подвис, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ѓ.(21) од Кичево и патничко возило „Мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од Ч.К.(48) од Република Албанија.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Мерцедес“, Н.К.(45) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево, наведуваат од полицијата.