Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија, имал страшна сообраќајка несреќа во која тој не се здобил со потешки повреди.
Несреќата се случила во Аксаково, близу до Варна.
Според бугарската БТВ, загинал шоферот на Петков, како и две лица во другиот автомобил при сударот Според првични информации кои ги објави партијата „Промените продолжуваат“, до несреќата дошло откако автомобилот во кој загинаа маж и жена на возраст од 60 години, излетал од патот, иако немал предност на движење.
Петков се здобил со повреди, но засега нема информации во каква точна здравствена состојба се наоѓа поранешниот бугарски премиер.
Пред речиси еден месец и другиот копретседател на „Промените продолжуваат“ , Асен Василев, доживеа верижна сообраќајна несреќа, која заврши само со материјална штета.