Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден санкционира 123 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци.
Како што информираат од МВР, за возење без возачка дозвола 21 санкција, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.