Претседателката Гордана Силјановска Давкова изразила подготвеност да се сретне со бугарскиот Претседател Румен Радев во интерес на подобрување на односите меѓу двете земји и двата народи, објави синоќа телевизија Сител повикувајќи се на брифинг од Претседателскиот кабинет.
Силјановска и Радев во моментов ги предводат македонската и бугарската делегација на чествувањето на денот на сесловенските просветители светите Браќа Кирил и Методиј во Ватикан. До овој момент нема информации како кабинетот на Радев одговорил на подготвеноста на македонската претседателка за тет а тет средба.
Според агендата, Силјановска во петок ќе присуствува на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клеметне , ќе биде примена и од Папата а ќе оствари и средба со генералниот секретар на светата столица задолжен за надворешни односи. Во сабота Силјановска ќе положи венец на споменикот на макеоднски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ а најавена е и тет- а тет средба со Претседателот на Италија Серџо Матарела.