Осумгодишно неподвижно девојче од Охрид со тешка сколиоза, утрово беше транспортирано со хеликоптер од градската болница „8ми Септември“ на операција во Истанбул.
Како што информираат, девојчето ќе биде транспортирано до спинален центар во Истанбул заради операција.
– Имаме протокол. Барањето за медицински хеликоптер се пушта до ЦУК на 112, после тоа барање се препраќа на одделот за воздухопловна единица при МВР. Откако министерот на МВР одобри и потпише, се испраќа во Министерство за здравство. Министерот за здравство ни пушта барање до директорот на ГОБ „8-ми Септември“ да формираме медицинска екипа за транспорт на пациент до определена дестинација со медикохоптер. Тоа е протоколот, изјави д-р Христијан Костов, директор на ГОБ 8-ми Септември.