Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за непрописно престројување при возење…, извести МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.