Во средиштето на деловниот град Чијанжијанг Сенчури Сити, во рамките на населбата Хангжоу, се наоѓа „Реџент интернејшнал“ – еден од најголемите станбени згради во Кина.
Овој џиновски комплекс е висок повеќе од 200 метри и има над 260.000 квадратни метри површина. Дом е на речиси 20.000 луѓе, а може да прими и 30.000 жители.
-Она што го прави уникатен е фактот што луѓето никогаш не мора да ја напуштаат зградата за да ги задоволат своите секојдневни потреби, пишува „Јунилад“.
Имено, тука не се работи само за станбен комплекс – тоа е „микрокосмос“ што обезбедува сѐ што е потребно за живот.
Жителите имаат пристап до широк спектар супермаркети, ресторани, берберници, салони за фризури и нокти, базени, интернет-кафулиња…
Огромната зграда првично била замислена како луксузен хотел со шест ѕвезди, а потоа е претворена, делумно и во станбен комплекс. Денес е дом на повеќе јавни личности, блогери и познати ѕвезди.
Говорејќи за изнајмувањето, стан без балкон чини 1.500 кинески јуани (скоро 200 евра) месечно, а апартман со балкони може да чини и до 4.000 јуани (скоро 520 евра) месечно.