Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ не успеаја да ја одбранат титулата во ВТБ-лигата откако, во финалната серија, загубија со 4:1 од ЦСКА од Москва. Титулата беше решена во Казањ откако не успеа Уникс да го одбрани домашниот терен, губејќи со 55:66.
Димитријевиќ го заврши мечот со скромни девет поени, без ниту една тројка од пет обиди, а најефикасен кај Уникс беше Рејнолдс со 18 поени. На спротивната страна, најдобар стрелец беше Астапкович со 12 поени.
Како што е веќе добро познато, најдобриот македонски кошаркар летово ќе го напушти Уникс и ќе се пресели во евролигашот Олимпија Милано.