Селекторот на младинската ракометна репрезентација, Раде Стојановиќ го скрати списокот и ги одбра ракометарите за настап на Европското првенство до 20 години кое ќе се одржи во јуни во Словенија.
Раде Стојановиќ од 35 имиња колку што беа на првичниот список, остави 21 ракометар кои ќе одат во Словенија.
Најголемиот дел од ракометарите се од домашното првенство, има само двајца кои настапуваат во странство, Давид Брестовац кој брани во Котбус, Германија и Стефан Атанасов во Копер, Словенија.