Фудбалскиот клуб Тиквеш за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, но и за европскиот предизвик ќе биде посилен со четири нови играчи.
Дресот на клубот од Кавадарци во новата сезона ќе го носат левиот бек Михаил Маневски, и Ѓорѓи Ѓорѓиев кој игра на позицијата десно крило, а овие двајца играчи во пакет доаѓаат од штипска Брегалница.
Нов фудбалер на ГФК Тиквеш е Давид Манасиевски, играч од средниот ред кој до сега настапуваше во Силекс.
А на голманската позиција тимот се засилува со младиот Стефан Тасев кој доаѓа од Вардар Неготино.
Екипата ги започна летните подготовки за новата натпреварувачка сезона и за настапот во Европа каде ќе настапи во квалификациите од Конференциската лига.