Сообраќајот тековно, без застои и задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестСтануваат ли пребрзото возење и излетувањата од патот најчестите причини за кобните сообраќајки?
Следна вестЖителите на Ново Лисиче се жалат на неподнослива смрдеа што доаѓа од Вардариште