Околу 9:30 часот утрово пред зградата на хрватската Влада, непознат маж се полил со бензин и се запалил, објави jutarnji.hr.
Состојбата на повредениот се уште не е позната…
Според првите информации, лицето се запалило и на местото на настанот е испратена итната помош. Во моментов се утврдуваат сите околности на настанот – велат кусо од полицијата.
Очевидец за Јутарњи лист рекол дека човекот кој се полеал со бензин бил видно растроен.