Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска утре и задутре (12, 13 и 14.06.2024) ќе има посебен сообраќаен режим на поширокото централно подрачје на Град Скопје, поради одржување на министерски состанок и Самит на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници