Монструозно мачење на животно во Тетово: Кучето Црнка распорено со шипка

Невладината организација за заштита на животни „Бездомни животни Тетово“ на социјалната мрежа фејсбук објавија информација дека во Тетово се случило уште едно монструозно мачење на животни.Според објавата, куче на кое тие како организација му го дале името Црнка било распорено со шипка.

„Ова беше Црнка. Живееше на локација позади Кам кај Тетовчанка, маалско куче.Црнка ноќеска е масакрирана со шипка.Убиена од садист, психопат, што живее на таа локација. Се работи за куче за кое низ годините многу од нас се грижеа и ја храневме. Кучето беше стерилизирано од донации што сами ги собравме, терапирано, хрането и гледано 7 години. И ноќеска беше распорено и масакрирано, велат од организацијата Бездомни животни Тетово.

Оттаму обвинуваат дека имало и отруено кучиња. Членовите на групата бараат било какви информации за тој чин, снимки од камери и слично за да го пријават сторителот.

Претходна вестМаринакис: Оксиморон е едната страна да бара од другата да го изоди целиот пат, од моментот кога не го почитува ерга омнес името
Следна вестСДСМ Аеродром: Зад транспарентот против Филипче стојат други политички субјекти