Ослободено мече заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови.

Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот парк „Маврово“ и МВР. Ренџерски тим од НП „Маврово“ веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО „Маврово“ заради обезбедување на местото на настанот.

-Мечето најверојатно исплашено од лаењето на бездомните кучиња успеало да им избега и да се качи на дрвото. Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума, информираат од ЦУК.

Претходна вестЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгоре куќа и четири помошни простории
Следна вестСообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози