Home АКТУЕЛНО Десет Непалци побегнале од работните места во Скопје и Тетово 

Десет Непалци побегнале од работните места во Скопје и Тетово 

0
Десет Непалци побегнале од работните места во Скопје и Тетово 

Во еден ден полицијата добила две пријави за странски работници, кои ги напуштиле работните места во фирмите во кои биле ангажирани.

Како што соопшти МВР, на 12.06.2024 во 11.15 часот во СВР Скопје, М.Н.(41) од Скопје пријавил дека од работното место на подрачјето на општина Аеродром се оддалечиле шест лица од Непал, со привремен престој во Скопје, а кои биле вработени во неговата фирма.

Друга фирма вчера пријавила дека си заминале работниците од Непал.

-Вчера во 14.15 часот во СВР Скопје, Л.Џ.(36) од Скопје пријавил дека од работното место во Тетово се оддалечиле четири лица од Непал, со привремен престој во Скопје, кои биле вработени во компанија од Тетово, подружница Скопје, каде што тој е управител, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.