Home АКТУЕЛНО Избрани тројцата потпретседатели: Бендевска не ги изговори зборовите „ Република Северна“ и се заколна во РС Македонија, Милошоски бил болен, ќе се заколне друг пат

Избрани тројцата потпретседатели: Бендевска не ги изговори зборовите „ Република Северна“ и се заколна во РС Македонија, Милошоски бил болен, ќе се заколне друг пат

0
Избрани тројцата потпретседатели: Бендевска не ги изговори зборовите „ Република Северна“ и се заколна во РС Македонија, Милошоски бил болен, ќе се заколне друг пат

Пратениците Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ се избрани за потпретседатели на Собранието. За нивниот избор на потпретседателската функција во Собранието гласаа мнозинство пратеници на денешната пленарна седница. Претходно, на собраниската Комисија за избори и именувања тројцата беа утврдени како потпретседателски кандидати.

За Антонијо Милошоски гласаа 69 пратеници, за Јован Митрески се изјаснија 82 пратеници, а за Весна Бендевска гласаа 70 пратеници.

Од тројцата нови потпретседатели заклетва дадоа само двајца, Митрески и Бендевска. Како што кажа претседателот на Собранието, Африм Гаши, Милошоски бил болен и затоа не беше присутен на седницата на која беше избран за заменик на претседателот на Собранието.

Гаши заклетвата дека потпретседателите при вршење на функцијата ќе го почитуваат Уставот и законите на Македонија ја читаше на македонски јазик и го употреби уставното име Северна Македонија. По него повторуваше и пратеникот на СДСМ, Јован Митрески изговорајќи го уставното име на државата.

Но тоа не го стори и Бендевска. Додека ја даваше заклетвата таа не ги изговори зборовите „Република Северна“ туку се обврза дека ќе ги почитува Уставот и законите на РС Македонија.