Home АКТУЕЛНО Кубици ѓубре секојдневно се трупаат на скопски Бит Пазар

Кубици ѓубре секојдневно се трупаат на скопски Бит Пазар

0
Кубици ѓубре секојдневно се трупаат на скопски Бит Пазар

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на барање на Град Скопје поради отстранување на „диви продавачи„ на бул. „Крсте Мисирков“ подигнаа 5 м3 мешан комунален отпад и отпад од пакување, соопшти денеска ова градско јавно претпријатие.

– И покрај брзата реакција на екипите, повторно е забележано исфрлање на отпад на истата локација, се наведува во соопштението.

Се додава дека во текот на денешниот ден повторно е подигнат и транспортиран отпад составен од мешан комунален отпад и отпад од пакување во количина од 15 м3 кој беше одложен покрај контејнерите.

-ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира отпадот да се исфрла во контејнерите наменети за комунален отпад, а не на јавните или сообраќајните површини со што го оневозможува редовното метење и миење на тротоарите и движењето на пешаците. Еко патролата на ЈПКХС во соработка со градските инспекциски служби ќе продолжи да врши надзор и едукација на споменатите микролокации, укажуваат од претпријатието.