Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова објави дека на маргините на Самитот за мир во Украина остварила средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.
Во објава на Фејсбук Сиљановска Давкова истакнува дека со нетрпение очекува со Мицотакис и Главчев да се вклучат во продуктивни дискусии и оти мора да ги подобрат меѓусоседските односи, пренесува МИА.
-На маргините на Самитот за мир во Швајцарија остварив средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев. Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, пишува претседателката Сиљановска Давкова.
Таа вчера имаше обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржа во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија.