„Левица“: Партиите на власт енормно ги зголемија тарифите на нотарите

Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, неколку дена пред напуштање на функцијата која ја извршуваше катастрофално и со секојдневни скандали, зададе нов удар на сè посиромашните граѓани на Република Македонија, зголемувајќи ја за два до три пати и без тоа веќе високата нотарска тарифа!, реагира денеска партијата „Левица“.

Во соопштението се наведува дека ова зголемување доаѓа по претходно мислење од Нотарската комора и добиена согласност од корумпираната техничка Влада составена од министри на ДУИ, СДС и ДПМНЕ!

Се укажува дека почнувајќи од 1 септември, трошоците на граѓаните за составувањето на задолжителни нотарски акт, отсега ќе изнесуваат најмалку високи 8000 денари! За споредба, досегашниот минимален надомест за нотарски акти изнесуваше 800 денари, што претставува десеткртно зголемување трошоците за нотарски акт од мала вредност.

Истовремено, дури и едностраните правни исправи во форма на нотарски акт поскапуваат повеќе од тројно, од досегашните 400 денари на 1300 денари. Воедно, повеќето заверки на документи, кои за граѓаните се товар кој мора да го понесат за завршување и на најмала бирократска работа и процедура, отсега ќе се наплаќаат од страна на нотарите двојно поскапо!

-Ова претставува уште едно во низата поскапувања кои го отежнуваат секојдневното живеење и функционирање на граѓаните, а е наметнато од владејачките партии кои наместо да го штитат животниот стандард на граѓаните, ги застапуваат интересите на различни лоби – групи, го отежнуваат пристапот до правни услуги на безимотните и го продлабочуваат класниот јаз. „Левица“ принципиелно се залага за олеснување на пристапот до правда во македонското општество и прилагодување на трошоците на граѓаните согласно реалните економски прилики во државата! „Левица“ ќе се заложи за преиспитување на ваквата одлука и во прва можност во Собранието ќе побара од новиот министер за правда и Влада да ги намалат трошоците на граѓаните на нотарските услуги, имајќи го предвид нискиот стандард на живот и застапувајќи ги интересите на сиромашните и безимотните класи, потенцираат од оваа партија.

Претходна вестУХМР: Следи период на многу топло време, од четврток портокалово ниво на опасност
Следна вестПротест на земјоделците од светиниколско: Плаќаме за вода ама посевите се сушат