Над 400 основци од Гази Баба заминаа на бесплатен летен камп

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово ги испрати на училишен летен камп повеќе од 400-те ученици од општинските основни училишта на територија на општината. Оваа година е трета по ред во која се реализира училишниот камп во кој општина Гази Баба учествува со субвенционирање на цената за учество на секој ученик.

– Утрово имав можност да ги испратам и да им посакам среќен пат и убав престој во училишниот летен камп на повеќе од 400 ученици од општинските основни училишта, кој се реализира со финансиска поддршка од општина Гази Баба преку субвенционирање на цената за учество на секој ученик. Во рамките на кампот учениците ќе бидат дел од спортски, едукативен и забавен дел, а најважно од се е тоа што тие ќе можат меѓусебе да другаруваат. Учениците во училишниот камп ќе бидат обучувани за основна пливачка техника. Овој проект, општина Гази Баба го реализира во соработка со општинскиот сојуз за училишен спорт Гази Баба, порача утрово Стефковски.

Претходна вестМицкоски: Заклетвата ќе ја дадам со уставното име кое ќе го користам и при посетите во странство
Следна вестМакедонија во портокалова фаза, Владата препорача бремените жени и постарите лица да не одат на работа