Македонија со највисоки загуби на вода во регионот, цели 62 проценти

Загубите на вода во Македонија се некаде околу 62 проценти на ниво на цела држава и со тоа во однос на земјите од регионот сме една од земјите со највисоки загуби, изјави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој најавува поголеми инвестиции во водоводната мрежа, поправање на дотрајаните системи, а воедно, смета дека намалувањето на загубите ќе значи фактурирани зголемени количини, што нема да доведе до зголемување на цената кај крајниот корисник.

-Тоа пред се се должи на голем број импровизации во овој сектор, како и на неинвестирање во инфраструктура и подобрување на таа инфраструктура. Ние како РКЕ кажавме дека не бегаме од таа одговорност и сме подготвени да ја определуваме крајната цена за сите водни услуги. Гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на компаниите, ќе овозможиме поголем број на инвестиции и за сметка на тоа ќе ги намалиме загубите на вода на државно ниво и нема да предизвикаме никакви ценовни шокови. Со намалување на загубите ќе се зголемат количините коишто ќе се фактурираат и на тој начин нема да има никакви потреби за зголемување на цената за водните услуги, кажа Бислимоски.

Претходна вестНајмалку 550 аџии починале од топлотен удар во Мека
Следна вестИзлетувањето од патот кобно за 19-годишно момче од Никуштак