Излетувањето од патот кобно за 19-годишно момче од Никуштак

Едно лице загуби живо во сообраќајна незгода на кумановско подрачје, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 18.06.2024 во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот.

-Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт. Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Претходна вестМакедонија со највисоки загуби на вода во регионот, цели 62 проценти
Следна вестКонцерт на Филхармонија во Градскиот парк со „Одисеја 2024“