Македонскиот репрезентативец, Дамјан Шишковски може да заврши во шампионот на Босна и Херцеговина, најавуваат медиумите во оваа сезона.
Имено Шишковски е интересен за тимот на Борац Бања Лука кој во Шишковски гледа идеална замена за Марко Милошевиќ кој си замина од клубот.
Многу промени има во тимот на Борац, сменет беше и тренерот, позиција која пак ја презема Младен Жижовиќ, стратег добро познат на македонската јавност со оглед на тоа што во минатата сезона го водеше Шкупи.
Инаку Шишковски во досегашната кариера освен во Македонија има настапувано во Белгија, Финска, Кипар и Ерменија.