Новиот министер за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе почне со разрешување на економски директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот. Pостапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени.
-В.д. економски директори се 14, веќе дадов наредба во Министерството, јас ќе одам до Штип, да ја видиме болницата таму, се враќам да ги потпишам. Денеска се разрешуваат одреден број економски директоири на кои што им завршува в.д. мандатот некаде до средина на јули. Сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, ќе ми треба измени во законот, веќе е дадена нарeдба што побргу да оди во парламент измената на законот, да нема повеќе економски директори. Сметајте, за месец – два веќе ќе нема економски директори ниту со закон, рече Таравари непосредно по преземањето на должноста, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на хируршките клиники во Клиничкиот центар.
Таравари најави дека денеска ќе бидат разрешени седум-осум директори, а наредните денови, како што рече, ќе види за тие што имаат мандат до 8-ми, 9-ти месец, бидејќи не сака да ризикува тужби за Министерството. Во две – три клиники каде во моментов има само организациски, а нема медицински директори меѓу кои и неговата матична Клиника за неврохирургија, Таравари најави дека утре, а најдоцна деновиве, ќе бидат назначени нови медицински директори, вклучувајќи и ја и Клиниката за токсикологија.
Фото: ФБ