Во Македонија во вторникот претпладне ќе преовладува сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе биде 8.
Утринските температури се движат меѓу 13 и 20, додека највисоките во текот на денот ќе бидат соодветено во интервалот од 26 до 37 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до 35 степени