Home ПЕНАЛ Ракометарките загубија од Црна Гора, ќе се борат за пласман од 13 до 16 место на СП

Ракометарките загубија од Црна Гора, ќе се борат за пласман од 13 до 16 место на СП

0
Ракометарките загубија од Црна Гора, ќе се борат за пласман од 13 до 16 место на СП

Женската младинска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Црна Гора од 26:23 на Светското првенство кое се одржува во нашата земја.

Нашите ракометарки одиграа две различни полувремиња, прво кое го реализираа со 12:10 и второ во кое не беа на посакуваното ниво и му дозволија на противникот да направи пресврт и слави во СЦ „Борис Трајковски“.

Ова значи дека избраничките на Дарко Јанев ќе разигруваат за пласман од 13-то до 16-то место на шампионатот.

Ривал ќе ни биде селекцијата на Јужна Кореја со која ќе ги одмериме силите во четврток од 15:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.