Home АКТУЕЛНО ЦУК: Извлечена е екипата на брзата помош која беше заглавена во лифт во Кисела Вода

ЦУК: Извлечена е екипата на брзата помош која беше заглавена во лифт во Кисела Вода

0
ЦУК: Извлечена е екипата на брзата помош која беше заглавена во лифт во Кисела Вода

ЦУК информира дека е извлечена екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт на зграда во скопска Кисeла Вода. Се додава дека во екипата има повредени лица.

Претходно ЦУК соопшти дека во 11:22 часот на 112 била добиена пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.

-Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот. Пациент немало, екипата била на констатација на смрт. Лицата се извлечени и имаат повреди, се појаснува во информацијата од ЦУК.