Скопјанец на возраст од 22 години е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера на превојто „Стража“, информира полицијата.
МВР соопшти дека на 4 јули 2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38-годишната С.Г. од Охрид, удрило во 22-годишниот пешак Б.П. од Скопје“.
-Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.