Полицијата запрела „летечка чинија“, ја предупредила да не „вози со брзина на светлината“

Патрола на сообраќајната полиција во Оклахома во САД неодамна на автопат запрела необично возило, кое личело на НЛО. Полицаецот Рајан Ван Влек забележал дека „летечката чинија“ не застанала на задолжителниот знак, па решил да дејствува.

Во возилото нашол две весели патнички кои се упатиле – сосема неочекувано – на годишниот фестивал на НЛО во Розвел.

-Не секој ден запирате НЛО во сообраќајот. Патниците се пуштени без казна, со предупредување, соопштија од полицијата.

Се додава дека возачот бил предупреден да го почитува ограничувањето на брзината на меѓудржавен пат, пренесува UPI.com.

-Да не вози со брзина на светлината, се вели со шеговит тон.

Претходна вестПретставата „Кенди“ и концерт на камерно трио вечерва на „Скопско лето“
Следна вестРСБСП советува: Возете одморени, на секои 2 часа правете паузи