СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците

ВМРО-ДПМНЕ во својата прогама ветуваше дека во првите 100 дена ќе ја покачи минималната плата на 450 евра. Ова ветување им беше измислено за да ги залаже работниците дека ќе продолжи една од политиките на СДСМ за кои недвосмислено сите даваа поддршка – покачувањето на платите, соопштија денеска од СДСМ.

НАјголемата опозициска партија наведува дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто не планира да владее преку поддршка на работниците и покачување на платите.

-Тие ќе продолжат онаму каде што застана во 2016, а тоа се политиките во интерес на крупниот капитал. За потсетување, во 2016 ВМРО-ДПМНЕ го држеше минималецот на околу 8.000 денари и тогаш беа потребни четири минимални плати за да се обезбеди основната потрошувачка кошничка. Изјавата на Мицкоски дека требало да ги пуштиме нозете колку што ни е чергата е навреда и потценување на работниците. Јасно е дека не е до чергата, не е до кондицијата на буџетот, туку е до приоритетите, се вели во соопштението од СДСМ.

Претходна вестМицкоски, Муцунски, Мисајловски и Тошковски на самитот на НАТО во Вашингтон
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Реномираната германска компанија ЕПСОТЕХ влегува во Македонија