Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија. Земјотресот, според податоците на ЕМСЦ, се случил во 14 часот и 7 минути по локално време, на 15 километри од Охрид, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел кратко, но дека го почувствувале.