„Боинг“ признава вина за две авионски несреќи и ќе плати отштета од 243 милиони долари

Американската авионска компанија „Боинг“ ќе признае вина за злосторничко здружување и ќе плати 243 милиони долари казна поради две авионски несреќи што се случија во 2018 и во 2019 година.

Тие се случија во Индонезија и во Етиопија, при што вкупно загинаа 346 луѓе. Причини за несреќите се технички дефекти на новите модели на авиони 737 МАКС.

Компанијата е обвинета за прекршување на договорот за одложено гонење во 2021 година, во кој „Боинг“ вети дека ќе ги подобри своите производствени процеси. Компанијата ќе признае дека заговарала да ја измами федералната влада за тоа како ракувала со информации поврзани со неисправниот софтвер за контрола на летот, што е поврзано со несреќите на авионите МАКС, пишува порталот Политико.

Таа, исто така, се согласи на независен надгледувач од трета страна, да плати дополнителни 487 милиони долари, повеќе од она што компанијата го плати како дел од претходното спогодување, и да инвестира 455 милиони долари во дополнителни програми.

Истрагата ја спроведе американското Министерство за правда.

Претходна вестКонсумирањето само еден алкохолен пијалок дневно го скратува животот
Следна вестОд полноќ поскапуваат горивата