Кисела Вода ги реконструира улиците „Баница” ,„Кратовска” и три крака на „Мариовска”

Градежни активности за реконструкција на неколку сообраќајници се одвиваат во населбите Пржино и Црниче. Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид на потегот со вкупна површина од 4800 квадратни метри кои ги опфаќа краците 1, 2 и 3 на улицата „Мариовска”, како и улиците „Баница” и „Кратовска“.

– Денес започнуваме со градежен зафат за реконструкција на неколку улици во населбата Црниче, конкретно „Баница” и „Кратовска”, со површина од 3300 квадратни метри и крaците 1, 2 и 3 на улицата „Мариовска” во Пржино, со опфат од околу 1500 квадратни метри. Повеќе од 30 години овие сообраќајници никој не ги реконструирал, што е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓаат. Јас, како градоначалник досега многупати имам кажано дека нема да има заборавени улици, заборавени населби и дека до крајот на мојот мандат сите улици бидат асфалтирани. Граѓаните се оние кои ми ја дадоа довербата која планирам целосно да ја оправдам. Овој проект е уште една потврда на кажаното и уште еден чекор напред во обновата на патната инфраструктура на општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Претходна вестВо МВР поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување полициски службеници, тврди Петровска
Следна вестФилков – Вал: Поддршка за реформите, јавна расправа за сите закони кои ќе се носат