РЕК Битола е надвор од функција, екипи работат на надминување на состојбата

Заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО, надвор од функција е РЕК Битола.

– Околу 15:45 часот дојде до прекин на напојувањето, по што од мрежа испадна Блок 1 на РЕК Битола. Прекинати се и пуштачките операции на Блок 3 кои беа во тек, а по чие завршување во функција требаше да биде ставен и овој блок, објавија од РЕК Битола.

Стручни лица веќе работат на надминување на состојбата и ставање на комбинатот во функција.

Претходна вестНасилство во затворот во Шуто Оризари, притвореник нападнат од три лица
Следна вестТешка несреќа кај Хиподром