Убиство во Македонски Брод, жртвата е 31-годишен војник во АРМ, поведена е истрага

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот со умисла лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка, извести Обвинителството.

Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Претходна вестСеизмолошката опсерваторија со детали за денешниот земјотрес во Скопје
Следна вестНие ја набавивме целата опрема и успешно се справувавме со пожарите седум години, велат од СДСМ