Сеизмолошката опсерваторија со детали за денешниот земјотрес во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 16.7.2024 година, во 14.06 часот, регистрира земјотрес, чиj епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML 2.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходна вестВо август еден продолжен викенд и еден неработен ден на крајот на месецот
Следна вестУбиство во Македонски Брод, жртвата е 31-годишен војник во АРМ, поведена е истрага